Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Ѓорѓиевски: По долгите години чекање, симболот на солидарноста и културниот идентитет на Скопје, Универзалната сала, конечно почнува да се гради

Конечно, Универзална сала почнува да се гради. По долгите години чекање, симболот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Конечно, Универзална сала почнува да се гради. По долгите години чекање, симболот на солидарноста и културниот идентитет на Скопје, Универзална сала, повторно оживува, објави на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

-Започнува изградбата на објектот кој е сведоштво за духот на градот, за неговата истрајност и љубов кон културата – истакна тој.

Проектот, како што посочи, ќе се реализира по принципот „клуч на рака“, а реконструкцијата е предвидено да заврши до декември 2027 година.

Реклама

Објавата може да ја погледнете на следниот линк:

-Ова е еден од клучните проекти во подготовките на Скопје за носење на престижната титула Европска престолнина на културата 2028 – признание што го става нашиот град на културната мапа на Европа, нагласи градоначалникот.

Ѓорѓиевски додаде дека со новиот лик на Универзална сала, Скопје ќе добие современ, функционален и репрезентативен културен храм, место каде ќе се создаваат спомени, ќе се негува уметноста и ќе се слави креативноста.

-Театар, концерти, фестивали и големи културни настани ќе добијат дом достоен за нивната вредност. Универзална сала е симбол на солидарноста по катастрофалниот земјотрес, место каде генерации скопјани ги доживеале своите најубави културни моменти. Нејзиното обновување значи враќање на душата на градот и создавање мост помеѓу минатото и иднината, нагласи Ѓорѓиевски.

Тој изрази посебна благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за, како што напиша, огромната поддршка и посветеност во реализацијата на овој значаен проект, како и до министерот за култура Зоран Љутков.

-Продолжуваме да градиме, за Скопје какво што го заслужуваме, нагласи скопскиот градоначалник.