Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Ѓорѓиевски: МАНУ една од најзначајните институции во нашата држава, локалната самоуправа подготвена за суштинска соработка со академската заедница

Македонската академија на науките и уметностите претставува една од најзначајните институции во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската академија на науките и уметностите претставува една од најзначајните институции во нашата држава, храм на знаењето, науката и уметноста, но и чувар на интелектуалниот, културниот и научниот идентитет на Македонија. Низ децении постоење, МАНУ игра клучна улога во развојот на научната мисла, во заштитата на националното културно наследство и во создавањето визии за иднината на државата, објави на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој денеска на покана на претседателот на МАНУ д-р Живко Попов присуствувал на редовното годишно собрание. 

Градоначалникот на Скопје потенцира дека академската заедница претставува еден од најсилните столбови врз кои мора да се потпираме кога носиме сериозни и одговорни одлуки.

-Научно заснованите анализи, аргументираните ставови и стручните предлози се темел врз кој можат да се градат квалитетни политики и вистински, трајни решенија. Поддршката од академиците, од научната и стручната јавност, има особено значење во процесот на креирање нови, одржливи модели кои ќе придонесат за подобрување на безбедноста, инфраструктурата и подготвеноста на системот во ситуации што бараат брза и ефикасна реакција, истакна Ѓорѓиевски.

Реклама

Тој додаде дека проектите и визиите насочени кон планирањето на иднината на Република Македонија, кои биле во фокусот на денешното годишно собрание, уште еднаш потврдуваат дека МАНУ останува вистински двигател на научниот и општествениот напредок.

Целата објава може да ја погледнете на следниот линк:

Ѓорѓиевски истакна дека како градоначалник на Скопје и претседател на ЗЕЛС уверувадека локалната самоуправа е подготвена за блиска и суштинска соработка со академската заедница.

-Само преку заеднички напори, знаење и визија, можеме да изградиме систем што ќе биде подготвен да одговори на предизвиците на денешницата, но и да поставиме цврсти темели за посигурна, поорганизирана и подобра иднина за сите граѓани, нагласи Ѓорѓиевски.