Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Ѓорѓиевски: Финансиската стабилност и децентрализацијата во фокусот на Генералното собрание на ЗЕЛС

Финансиската стабилност на општините, продлабочувањето на децентрализацијата и новиот Стратегиски план 2026–2030 се во фокусот на втората седница на Генералното собрание на ЗЕЛС, изјави претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, пред почетокот на состанокот. Тој посочи дека на седницата ќе се разгледаат клучни прашања поврзани со функционирањето на локалната самоуправа, како и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Финансиската стабилност на општините, продлабочувањето на децентрализацијата и новиот Стратегиски план 2026–2030 се во фокусот на втората седница на Генералното собрание на ЗЕЛС, изјави претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, пред почетокот на состанокот.

Тој посочи дека на седницата ќе се разгледаат клучни прашања поврзани со функционирањето на локалната самоуправа, како и идните иницијативи на здружението.

– Ќе дискутираме за она што сме го постигнале, до каде сме и каде ќе ги насочиме нашите активности во следниот период. Имаме нов Стратегиски план на ЗЕЛС 2026–2030, кој ги дефинира трите приоритети, лобирање пред централната власт, јакнење на административните капацитети и поддршка за електронските услуги – истакна Ѓорѓиевски.

Реклама

Според него, најголемиот предизвик останува финансирањето на локалната власт.

– Бараме најмалку 10 проценти од ДДВ и 50 проценти од персоналниот данок, по примерот на европските општини. Без предвидливо финансирање не може да има реална децентрализација – рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека, иако изминативе две години општините добиваат значајна поддршка од Владата за инфраструктурни проекти, потребно е системско решение што ќе обезбеди долгорочна финансиска самостојност, како и поголемо учество на локалната власт во БДП.

Во однос на децентрализацијата, Ѓорѓиевски нагласи дека ЗЕЛС веќе подготвува модели за преземање надлежности во социјалната заштита.

– Општините најдобро ги познаваат потребите на граѓаните и затоа е логично тие да имаат поголема улога во овој сегмент-истакна Ѓорѓиевски.

Како една од приоритетните области ја посочи и противпожарната заштита, информирајќи дека средствата за територијалните единици се зголемени, но дека состојбата и понатаму бара сериозни интервенции.  

– Во пресрет на летната сезона формиравме кризен штаб за подобра координација на опремата и човечките ресурси во итни ситуации –  рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот информираше дека од почетокот на годината во Бригадата за противпожарна заштита на Скопје Градот примени се 20 нови пожрникари, а до крајот на годината ќе бидат примени уште 20, што според него во една година до сега не биле примени 40 нови пожарникари. 

На седницата ќе се отвори и прашањето за состојбите во јавните комунални претпријатија, каде, како што посочи, клучни проблеми се долговите, опременоста и кадровските капацитети.

Генералното собрание на ЗЕЛС е највисокото тело во Заедницата кое има вкупно 90 делегати, сите градоначалници во земјава и 9 члена на Комитетот на советите при ЗЕЛС, тело при ЗЕЛС составено од општински советници.