Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Ѓорѓиевски донираше подароци во СОС Детско село, најави субвенции за згрижувачки семејства

По повод Меѓународниот ден на семејството, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Меѓународниот ден на семејството, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го посети СОС Детско село, каде што донираше подароци за децата. Градоначалникот порача дека ваквите гестови имаат за цел да внесат радост и дополнителна поддршка во нивното секојдневие. Тој посочи дека најсилен впечаток оставиле животните приказни, талентот и упорноста на младите.

-Овие деца се вистински херои. Меѓу нив има стипендисти на американски колеџи, првенци на генерации и млади луѓе кои секојдневно покажуваат дека со поддршка, љубов и грижа нема невозможни патишта-посочи Ѓорѓиевски по средбата.

Најавено е дека со следниот ребаланс на буџетот, Град Скопје ќе обезбеди средства за субвенции за секое згрижувачко семејство, со цел подобрување на условите за децата и младите.

Реклама

Иницијативата, како што беше истакнато, ќе биде доставена и преку ЗЕЛС до сите општини во државата, со цел обезбедување еднаков третман и поддршка за секое дете, без разлика на местото на живеење.

Како дел од долгорочните мерки, најавено е дека Град Скопје ќе иницира меморандум со бизнис-заедницата за обезбедување загарантирани работни места за младите кои излегуваат од системот на згрижување.