Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Ѓорѓиевски: Планинска спасителна служба на Водно и во Кањон Матка – безбедноста на граѓаните е наша обврска

Градоначалникот на Скопје информираше дека денеска на Водно, заедно со Црвениот крст…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Скопје информираше дека денеска на Водно, заедно со Црвениот крст на Град Скопје го презентирале тимот за подготвеност и дејствување при катастрофи, како и проектот за функционирање на Планинската спасителна служба на Водно и обезбедување спасителни интервенции на подрачјето на Кањон Матка, кој го реализираат заедно со Црвениот Крст.

-Присуствувавме и на симулациска вежба за спасување повредено лице во планински услови, каде обучените спасители и парамедици ја демонстрираа својата подготвеност за брза, координирана и професионална реакција. Кога е загрозен човечки живот, секоја секунда е драгоцена! Токму затоа, преку организирани дежурства ќе се обезбедуваат прва помош, спасување, евакуација и безбеден транспорт на повредени лица – објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Тој нагласи дека истовремено ќе се спроведуваат континуирани обуки, тренинзи и симулациски вежби, со кои спасителите ќе ги унапредуваат своите знаења, вештини и оперативна подготвеност за дејствување во различни кризни ситуации. Дополнително, додаде Ѓорѓиевски, посетителите ќе можат да го измерат крвниот притисок на штандовите кои се наоѓаат на овие места.

Реклама

-Нашата цел покрај брза и навремена реакција, е и да превенираме. Преку едукативни активности ќе ја подигнуваме јавната свест за безбедно движење во природа, превенција од пожари и заштита на животната средина – истакна скопскиот градоначалник.

Објавата може да ја погледнете на следниот линк:

Тој додаде дека за реализација на активностите обезбедиле буџет, кој е двојно повисок во споредба со претходната година.

-Тоа значи повеќе опрема, поголема подготвеност и поквалитетна, навремена и професионална помош за сите на кои им е најпотребна.
Град Скопје се грижи за своите граѓани. Градиме силен, ефикасен и одржлив систем кој ќе биде подготвен да одговори во секој момент, затоа што човечкиот живот нема цена! Граѓаните кои ќе се најдат во неволја можат да побараат помош на дежурниот телефон: 072/269-876 – истакна Ѓорѓиевски.