Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Царинска управа најави засилени контроли на пловните објекти на Охридското Езеро

Царинската управа во наредниот период ќе спроведува засилени теренски контроли на пловните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Царинската управа во наредниот период ќе спроведува засилени теренски контроли на пловните објекти кои се користат на Охридското Езеро, со цел проверка на нивниот царински статус и исполнувањето на законските обврски.

Контролите ќе ги спроведува Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, а ќе бидат насочени кон утврдување дали за пловилата се спроведени соодветните царински постапки согласно важечките прописи.

Од Царинската управа ги повикуваат сопствениците и корисниците на пловни објекти кај кои не е регулиран царинскиот статус, тоа да го сторат во најкус можен рок.

Реклама

– Сите пловни објекти кои при контролата ќе бидат затекнати со нерегулиран царински статус ќе бидат предмет на соодветна законска постапка, при што ќе бидат преземени мерки за утврдување на обврските и привремено задржување на пловилата, до нивно целосно исполнување согласно законските овластувања, истакнуваат од Царинската управа.

Предмет на контрола, како што посочуваат, ќе бидат и пловните објекти на нерезидентите чија употреба е регулирана со дозвола за привремен увоз, по што мора да го напуштат царинското подрачје или за нив да биде спроведена соодветна царинска постапка. Воедно ќе се контролира и исполнетоста на условите за управување со пловилата, односно дали тие се управувани исклучиво од лица кои имаат законско право на тоа.

Од Царинската управа велат дека ќе продолжат со спроведување редовни контролни активности со цел обезбедување доследна примена на прописите за привремен престој и користење на странски пловни средства и ги повикуваат граѓаните и странските државјани да постапуваат согласно важечките царински регулативи и навремено да го усогласат статусот на своите пловни објекти.