Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Хајредини: Недозволиво е Али Ахмети да го користи терминот „лидер на Албанците во Македонија“

Недозволиво е Али Ахмети да го користи терминот лидер на Албанците во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Недозволиво е Али Ахмети да го користи терминот лидер на Албанците во Македонија. И не само во Македонија не постои таков лидер во Европа – вака поранешниот министер Џевдет Хајредини го коментира самопрогласувањето на лидерот на Интегративците, за предводник на албанското малцинство. Голема навреда за Албанците е самата констатацијата, децинден е Хајредини.

  • Не се само тие виновни, виновни се и партиите македонски на власт, кои нашле една таква личност, и од буџетот му ги плаќаат гласачите. Тоа е општ факт. Затоа како што гледаме како неовластени да одлучуваат за важните и клучни одлуки во државата“ коментира Хајредини.

Оттука, секое поистоветување од страна на Ахмети дека критиките за него се напад врз целата албанска заедница во Македонија нема никаква основа.

  • Албанците во Македонија најмалку, во процент, излегуваат да гласаат. Тоа не само сега, тоа е така од секогаш. Поддржувачите на ДУИ се помалку од една третина од Албанците во Македонија, ама тој со лаги и со помош на други, со помош на Заев, се држи на власт, бидејќи ако ја изгубат власта, ќе треба да одговараат, бидејќи државата ја донесоа во вистинска катастрофа. Тоа се зборови на амбасадорката во Македонија, Агелер, со грешни дела врзани со криминал и корупција. Зошто се користи тоа лидер на Албанците во Македонија? Голема навреда е тоа, ако на мнозинството од нив лидер им е Али Ахмети“ вели Хајредини.

Не ретко од функционерите на ДУИ може да се слушне „во име на Албанците во Македонија“ што во пракса не е издржана констатација.

Реклама
  • Веќе две децении, не е лесно да се жнеат само победи и успеси кои нема да изостанат во иднина. Зад себе оставивме многу сработено за Албанците, а тоа не е за ДУИ. Сработивме многу во образованието, културата и здравството“, рече Ахмети.
  • Овие 20 години во последните 100, поминуваме низ златен период на Албанците. Од 2001 година па наваму, маргинализираниот народ станува господар во својата сопствена куќа и раководи со својата судбина и иднина“, потенцираше Османи.

ДУИ и во предизборна кампања настапува со наратив на единствена партија, без разлика на плурализмот во политичкиот блок на албанската заедница. Делувајќи како партиски монопол интегративците се обидуваат да присвојат што повеќе гласачи, иако на терен секојдневно го губат рејтингот.

Викторија Миткова