Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Финансиска поддршка од 5.000 денари за 360 полуматуранти од општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров за првпат воведува еднократна финансиска поддршка за полуматурантите од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Ѓорче Петров за првпат воведува еднократна финансиска поддршка за полуматурантите од општината. Градоначалникот Александар Стојкоски ги потпиша решенијата за исплата на финансиска поддршка во износ од 5.000 денари за 360 полуматуранти од Ѓорче Петров, соопштија денеска од локалната самоуправа.

Во соопштението се додава дека оваа мерка претставува конкретна поддршка за учениците и нивните семејства, во период кога младите завршуваат едно важно поглавје од своето образование и се подготвуваат за нови предизвици.

– Младите се нашата иднина и наша најголема обврска. Со оваа мерка покажуваме дека Општина Ѓорче Петров ги вреднува учениците, го поддржува образованието и стои зад семејствата. За првпат воведуваме ваква поддршка, затоа што силна заедница се гради со грижа, посветеност и конкретни дела – се наведува во пишаната изјава на градоначалникот.

Реклама

Од Општина Ѓорче Петров посочуваат дека поддршката за младите, образованието и семејствата, останува еден од главните приоритети во работењето на локалната самоуправа.