Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Филм за историјата на познатото семејство Шуплевски ќе биде прикажан во Музеј на Град Скопје на „Скопско лето“

Краток документарен филм насловен „Шуплевски – ехо низ времето“ ќе биде прикажан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Краток документарен филм насловен „Шуплевски – ехо низ времето“ ќе биде прикажан вечер во Музејот на Град Скопје. Автор на проектот е Викица Костоска Пенева – музиколог и професор по пијано. Прикажувањето на филмот е во рамки на 47. издание на фестивалот „Скопско лето“, што се одржува во организација на Дирекцијата за култура и уметност.

„Шуплевски – ехо низ времето“ низ архивски материјали, сведоштва и музички записи ја следи повеќегенерациската приказна на семејството Шуплевски, чие дејствување оставило длабок белег врз развојот на современата македонска музика. Потекнувајќи од старото скопско маало Чаир, семејството Шуплевски повеќе од еден век е активно присутно во музичкиот живот преку диригирање, хорско пеење, инструментална изведба, музичка педагогија, компонирање и концертна дејност. Од Трајко Шуплев, преку Драган, Гане и Богданка Шуплевски, па сè до денешните генерации музичари, нивната уметност претставува жив континуитет на музичката традиција и современиот македонски музички израз, информираат од „Скопско лето“.

Филмот претставува омаж на семејството кое низ четири генерации ја обликува културната сцена на Скопје и Македонија, оставајќи трајно наследство во музичкото образование, оркестарската и камерната музика, како и во развојот на институциите и концертниот живот. „Шуплевски – ехо низ времето“ е сведоштво за силата на семејната традиција, посветеноста кон музиката и културното наследство што продолжува да живее и денес. Влезот е слободен.

Реклама

Во Едукативниот културен центар Лабораториум, пак, напладне почнува дводневниот тату настан на Етернити Тату Студио.