Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Фестивал на дувачки оркестри во Пехчево

Пехчево е подготвено да ги пречека посетителите на годинашното издание на Фестивалот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пехчево е подготвено да ги пречека посетителите на годинашното издание на Фестивалот на дувачки оркестри – Пехчево 2026, кој ќе се одржи на  денеска и утре на градскиот плоштад „Св. Петар и Павле“. Во пресрет на фестивалот, привршија сите организациски и технички подготовки, со цел посетителите да уживаат во уште едно беспрекорно фестивалско издание.

-Во изминатите денови интензивно се работеше на уредување на фестивалскиот простор, поставување на сцената, озвучувањето, осветлувањето, штандовите и останатата неопходна инфраструктура. Посебно внимание е посветено на безбедноста и организацијата, за сите посетители да имаат пријатно и незаборавно фестивалско искуство, истакнаа од Општина Пехчево

Годинашната музичка програма, како што додадоа од Општината, носи атрактивни имиња од регионалната естрада.

Реклама

-Во петок вечер, фестивалската публика ќе има можност да ужива во настапот на српскиот пејач Драган Којиќ – Кеба, кој со своите безвременски хитови ќе ја отвори главната вечерна програма. Во сабота вечер, на големата фестивалска сцена ќе настапи Теодора Џехверовиќ, која ќе ја заокружи музичката програма со динамичен концерт и современ сценски настап, информираа од Општина Пехчево 

Покрај концертите на главните музички ѕвезди, посетителите ќе можат да уживаат и во настапите на дувачки оркестри, богата фестивалска атмосфера и традиционалното гостопримство по кое е препознатливо Пехчево.