Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Ферати – Хрицова: Посилна соработка за европска интеграција и институционален развој

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати остварил работна средба со амбасадорката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати остварил работна средба со амбасадорката на Република Словачка во Македонија, Ивета Хрицова.

Како што информираат од неговиот кабинет, на средбата е разговарано за унапредување на билатералната соработка и поддршката на процесите кои го промовираат дијалогот меѓу заедниците, еднаквоста и социјалната инклузија.

Ферати и Хрицова ја оцениле важноста на размената на искуства во спроведувањето на европските стандарди и зајакнувањето на институциите кои придонесуваат за општествената кохезија.

Реклама

Како што посочуваат од Министерството, на средбата било истакната подготвеноста за интензивирање на соработката во области од заеднички интерес, вклучително и развојот на институционалните капацитети, поддршката на проекти кои промовираат толеранција и различност, како и соработката во рамки на процесот на европска интеграција на Македонија.

Двете страни изразиле уверување дека добрите односи меѓу двете земји создаваат силна основа за нови иницијативи во интерес на граѓаните.