Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Утре од 4 до 6 часот трето авионско прскање против комарци во Крива Паланка

Општина Крива Паланка информира дека утре, во периодот од 4 до 6…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Крива Паланка информира дека утре, во периодот од 4 до 6 часот наутро, ќе се реализира третото авионско прскање против комарци на целото подрачје на општината.

Од локалната самоуправа апелираат до граѓаните во наведениот временски период да избегнуваат непотребно задржување на отворен простор, а пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства, согласно препораките што важат при авионско третирање.

-Доколку временските услови не се поволни за реализација на планираното аеро-запрашување, истото ќе биде одложено и ќе се изврши во првиот нареден поволен термин, посочуваат од општината.

Реклама

Покрај претходните две прскања против комарци во јуни, на подрачјето на општина Крива Паланка е спроведено и терестичко прскање за заштита од инсекти.