Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Утре македонска премиера на филмот „Кино љубов„ во Штип

По светската премиера филмот Кино Љубов на режисерот Јани Бојаџи утревечер и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По светската премиера филмот Кино Љубов на режисерот Јани Бојаџи утревечер и пред македонската публика, штипјани ќе имат ретка можност да бидат домаќини на премиера на македонски филм. Филмот „Кино Љубов„ ја раскажува приказната за актерот Коста кој не се откажува да го реализира својот животен сон, односно да отвори кино во кое ќе се прикажуваат само љубовни филмови.

  • “Станува збор за филм кој зборува за еден актер кој во политички околности, такви какви што се му е оневозможено во сопствениот театар да работи и решава како уметник да направи погрешна работа, да се зафати со финансии, односмно да се задолжи со пари кај сопствениот шура, Стево, кој патем е опасен лихвар и како што вообичаено бидува, уметниците се лоши бизнисмени. Покрај тоа му се случува корона кога сите кина се заклучени и публиката е дома и така му пропаѓа идејата да направи кино во кое 24часа ќе се прикажуваат само љубовни филмови„ изјави режисерот Јани Бојаџи.

Во филмот играат Дејан Лилиќ, Јелена Жуѓиќ, Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Благоја Чоревски. Автор на музиката е Горан Трајковски. Кино Љубов е снимен во време на ковид пандемијата , под специјални здравствени услови, без финансиска поддржка од Министерството за култура и Агенцијата за филм. Интересно е тоа што во филмот приказната е раскажана во десет кадри што го прави прв македонски филм сниман во стилот „уан тејк„.

  • “Филмот е работен во стилот“уан тејк“. Кога ќе се уклучи камерата целата акција се одвива во 45минути и не застанува. Треба да биде се совршено. Актерите не смеат да погрешат, камерата да не отиде во друга насока, да невлезе друг тон. Секој треба да биде во филмот внатре, но да излегува во кадарот“ изјави продуцентот Дејан Милошевски.

Светската премиера на „Кино Љубов„ беше во декември минатата година на Фестивалот за авторски филм во Белград и досега има настапувано на 13фестивали на три континетни, а до крајот на годината се очекува да биде дел од фестивали во Загреб, Рим и Измир. Кино Љубов се вројува меѓу македонските долгометражни филмови кои има учествувано на најголем број на фестивали надвор од државата.

Реклама

Александра Ристевска