Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Управителот на „Алкон текст“ е осуден на 2 години условно и парична казна за „намерно предизвикување стечај“

Прва судска пресуда во корист на текстилните работнички. Управителот на текстилната конфекција„Алкон-текст„…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прва судска пресуда во корист на текстилните работнички. Управителот на текстилната конфекција„Алкон-текст„ е виновен за сторено кривично дело за „Намерно предизвикување на стечај„ со што има и условна осуда од две години и парични глоби. Предизвикувајќи лажен стечај го изманипулирал законот, а на сметка на тоа околу триесетина работнички останаа без плати и придонеси. .

  • „Крајот на декември управителот на фирмата ја призна вината дека предизвикал лажен стечај за да не се исплати ништо на работниците. Ова не е изолиран случај. Ова се случува во приватниот сектор со промена на имиња на фирми во еден ист објект„изјави Кристина Ампева од Гласен текстилец.

Сега преку граѓанска постапка работничките ќе бараат да бидат обештетени. Освен плати и придонеси за четири месеци, компанијата ќе треба да им исплати и отпремнина . Од здружението кое го води предметот,  посочуваат дека во план се да покренат постапка и против стечајната управителка која во документацијата не видела стечајна маса, што е на штета на  работниците..

  • „Она дефакто имала увид во документацијата на компанијата како што имале и надлежните органи. Треба да се утврди како не ги видела тие документи со кои се утврдуват злоупотреби и предизвикување на лажен стечај . Како тоа УЈП и Обвинителството најдоа доокази за кривично дело, а управителката не најде„ рече Кристина Ампева од Гласен текстилец.

 Пред две години околу триесетина работнички во оваа конфекција неколку дена протестираа  барајќи си ги неисплатените плати и придонеси. Меѓу нив имаше бремени и работнички кои за неколку месеци требаше да заминат во пензија.

Реклама

Александра Ристевска