Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Уапсени 15 лица – поранешен функционер на ДУИ, инспектори, бизнисмени, политичари

Претреси и апсења на политичари, бизнисмени и инспектори во голема акција на МВР…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претреси и апсења на политичари, бизнисмени и инспектори во голема акција на МВР и Обвинителството за организиран криминал. Меѓу првите кои паднаа во мрежата на полицијата е Исмет Гури, функционер на ДУИ кои важи за близок до фракцијата. Гури се гони за злоупотреба на службената положба како заменик директор на Скопската дирекција на Управата за јавни приходи, кој заедно со син му, колеги од УЈП, вкупно 15 на број направиле штета на државниот буџет од 840.000 евра при што во заблуда ја довеле Управата за јавни приходи,а  целта им била фиктивно да враќаат ДДВ.  

Во октомври 2020 година, тројца осомничени меѓу кои и екс – заменик директорот, Исмет Гури седнале во кафуле, се запознале преку заеднички пријател и договориле даночна измама. Си ги поделиле улогите, па започнале со спроведување на планот. Третоосомничениот Гури, иако немал должност, на меил  добивал известување и постојано бил во тек со фиктивниот поврат на незаконските средства. Кога на организираната група и трнала работата, им се приклучиле уште 8-мина, а двајца од нив биле ангажирани за припрема на документацијата.

  • „Двајца осомничени – вработени во УЈП, имале задолжение да ги одобруваат барањата за пребивање на даночен долг со повеќе платен данок на правните лица, а тројца осомничени – управители на дел од правните лица, имале задача како даночни гаранти на даночни должници да склучуваат договори преку кои за возврат добивале стока – гориво, движен имот – луксузни возила или недвижен имот – станови, кои подоцна ги препродавале на трети лица, со што противправно се стекнувале со парични средства во готовина, па врз основа на таквите фиктивни договори издавале невистинити фактури, со пресметан ДДВ, едни кон други, а потоа доставувале барања за пребивање на даночен долг со повеќе платен данок до Управата за јавни приходи“ велат од ОЈО.

Гури заедно со син му переле пари, ставале и ваделе средства од транксакциска во име на позајмици со правни лица. Па во тоа име, Гури на син му купил деловен простор од 150 илјади евра, велат од Обвинителството.

Реклама

Откако МВР и Обвинителството за организиран криминал почнаа да ја спроведуваат акцијата, се погласни се шпекулациите кај јавноста дека ова е пресметка во ДУИ како резултат на најавата на Изет Меџити дека се отцепува од Интегративците и ќе формира ново политичко движење. Гури, беше тргнат од позицијата кога партијата на Ахмети почна чистка, а во истовреме ги поддржа ставовите на огнените. Екс-заменик директорот  минатата недела беше неправосилно осуден на 3,5 години во судскиот предмет Титаник 3.

Викторија Миткова