Реклама

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Прилози

Трипуновски: Од долгогодишно неработење и долгови, денеска имаме позитивен раст, инвестиции и резултати

Исплатени субвенции од 15 милијарди денари за две години. Зголемени откупни цени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Исплатени субвенции од 15 милијарди денари за две години. Зголемени откупни цени за производите на македонските земјоделци и раст на домашното производство на млечните и месни производи. Зголемен е извозот на земјоделските производи и нивната преработка. Ова е оценката на министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, кој денеска даде отчет за работењето во периодот од 2024 до 2026 година. Во фокус му беа мерките за подобрување на условите за работата на земјоделците и искористувањето на средствата за модернизација и поддршка на руралниот развој.

За нашата посветена работа говорат резултати и бројки. Имаме зголемен извоз на земјоделски производи и нивни преработки од 417 милиони евра во 2025 година, суфицит од 215 милиони евра истата година. Согласно податоците на ДЗС бележиме раст и во производството. Позитивен раст од 3,3% во прв квартал 2026 година. Исплатени и зголемени субвенции, истакна министерот. Во текот на 2024 и 2025 година доделивме финансиска поддршка во износ од 75.000.000 денари на научно – образовните институции за набавка на опрема за лабораториски анализи, нагласи Трипуновски.

Реклама

Трипуновски потенцираше дека во 2024 година наследил застој, хаос и наталожени проблеми оставени од претходната влада. Неисплатени субвенции за млекопроизводителите во периодот од 2020 до 2023 година и нереализирани кредити за кои Македонија сега плаќа пенали од милиони евра.

„Затекнале застој, институционален хаос, наталожени проблеми и нерешени предмети. Пад на производство, неплатени субвенции“, изјави Цветан Трипуновски, министер за земјоделство.

Се исплатиле и заостанатите плати во висина од 250 милиони денари за национални шуми и 100 милиони денари за Водостопанство. Во делот на шумарството од загуба, Трипуновски се пофали дека Владата обезбедила профит од 10 милиони денари. Во 2025 година зголемени се наводнуваните површини достигнувајќи 17,752 хектари за разлика од 2023 година кога имало само 14,107 хектари наводнувана површина. Обезбедена е и финансиска поддршка од 132 милиони денари во инфраструктурни проекти во водостопанството. За две години доделена е и финансиска поддршка во износ од 75.000 денари за научно образовните институции за набавка на опрема за лабораториски анализи. Владата во периодот од две години ја отпочна и кампањата „Македонско најдобро“, која беше иницирана со цел да се подигн е свеста и да се стимулира купувањето на домашни производи.    та во периодот од две години ја отпочна и кампањата „Македонско најдобро“, која беше иницирана со цел да се подигн е свеста и да се стимулира купувањето на домашни производи.