Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Трајанова: Македонското здравство добива значителна финансиска поддршка од над 573 милиони денари, зголемување на буџетот за 7,6 отсто

Македонското здравство добива значителна финансиска поддршка од над 573 милиони денари, односно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонското здравство добива значителна финансиска поддршка од над 573 милиони денари, односно зголемување на буџетот за 7,6%. Во ребалансот на државната каса, здравствената заштита за граѓаните е мерлив и опиплив приоритет. Од претходните 7,566 милиони денари, сега се предвидени над 8,139 милиони денари. Ова претставува едно од најголемите и најзначајните промени во новото буџетско прекројување – истакна на денешната прес-конференција Моника Трајанова, пратеничка на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

Значаен дел од овие пари, односно 300 милиони денари се предвидени за развојните програми на Министерството за здравство, што во пракса значи нови инвестициски проекти и модернизација на македонскиот здравствен систем.

Над 60 милиони денари ќе се слеат во ставките, здравствени услуги, медицинска опрема и здравствени објекти.

Реклама

Зголемување над 187 проценти, односно дури 460 милиони денари се предвидени за реконструкција и доградба на јавните здравствени установи.

Но, здравствената заштита не опфаќа само модернизација и нови апарати, туку достапност до здравствена нега за секој еден граѓанин. Па така, во делот на социјалните трансфери, средствата за здравствена заштита се зголемуваат за 1,185 милиони денари, што е чекор напред кон зголемена здравствена заштита за најранливите категории на граѓани.

Почитувани,

Со прекројувањето на државната каса, средства се насочени и кон енергетска ефикасност на јавните здравствени установи, како и проекти за намалување на оперативните трошоци на македонските болници.

А една од главните карактеристики на ребалансот е зголемената фискална одговорност, доказ за домаќинско работење, а притоа државата да овозможи вистинска грижа за граѓаните.