Реклама

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Македонија

Тошковски: Од првиот ден ja презедовме обврската безбедноста да биде највисок приритет

Од првиот ден ја презедовме обврската безбедноста да биде највисок приритет. Изминатите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од првиот ден ја презедовме обврската безбедноста да биде највисок приритет. Изминатите две години се соочивме со бројни безбедносни предизвици, но покажавме дека со посветеност, интегритет и меѓународна соработка, може да се постигнат видливи резултати, рече утрово министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски, кој дава отчет за сработеното во изминатите две години, напомена дека МВР ги зајакна институционалните капацитети и ја унапреди борбата против организираниот криминал и корупцијата.

-Инвестиравме во опрема, обуки и нови технологиии. Денешниот отчет не е само изнесување бројки, туку е фактичка потврда за трудот и професионалноста на полициските службеници и сите вработени во МВР. Свесен сум дека пред нас има уште многу работа, безбедноста е процес што бара многу посветеност. Затоа, ќе породолжиме со иста енергија, јасна визија и определба да изградиме современо МВР кое ќе одговори на предизвиците, потенцира Тошковски.

Реклама

Според него, да се биде припадник на МВР не е само професија, туку чест и одговорност.

-Остануваме секојдневно во служба на граѓаните и државата. Нашата цел е безбедна држава, стабилен систем и силни институции, истакна Тошковски.

Министерот дава отчет за сработеното во Центарот за обука во Идризово. И во оваа прилика, осврнувајќи се на секој сегмент од полициското работење, тој порача дека нема недопирливи и селективност, без разлика на функцијата, позицијата и работното место.

-Само со почитување на законите и еднакво постапување за сите, ќе постигнеме резултати, подвлече Тошковски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: