Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Тимот на Универзитетот за туризам и менаџмент во летна акција во Охрид

Долго топло жешко лето, а тимот на Универзитетот за туризам и менаџмент…

Сподели:

Долго топло жешко лето, а тимот на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје во летна акција во Охрид. Од денеска, ќе биде на охридските плажи претпладне, а во центарот на градот попладне. Преку многу забава, дружба и награди, ќе ги промовира студиските програми на Универзитетот.

Универзитетот е уникатен по многу нешта. Тој е единствениот во државата што му е специјално посветен на секторот туризам и менаџмент, еден од најбрзоратечките сектори на светско ниво. Во рамките на Универзитетот, студентите студираат на неколку одделни факултета: Економскиот факултет, Факултетот за претприемачки бизнис, Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, Факултетот за информатика и Факултетот за туризам.

Сите оние што се гледаат себеси како идни менаџери во туризмот, во компании што се занимаваат со финансиски дејности, како идни сопственици на бизниси, раководители на одделенија за човечки ресурси, идни програмери или како креатори на ПР и маркетиншки стратегии се тие што мора да тропнат на вратите на овој уникатен универзитет. Нуди светски признаена диплома и е еден од 76-те образовни институции во светот што поседуваат диплома за квалитет во високото образованието (UNWTO.TEDQUEL) доделенa од Светската туристичка организација при Обединетите нации.

Реклама

Уписите во прва година на факултетите на Универзитетот се во тек. Сите заинтересирани студенти што летуваат или се на поминување низ Охрид, може да му се придружат на тимот на Универзитетот. Во Скопје може да го посетат самиот Универзитет од 9.00 до 16.00 часот секој работен ден. Обемни информации има и на неговата вебстраница. Предвидените слободни места на оваа исклучително интересена високо образовна институција брзо се пополнуваат, па тие што сакаат да станат дел од неговата успешна приказна треба да побрзаат со аплицирање!