Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Економија

Стојаноски: Инфлацијата се намали и изнесува 3,4%, владините мерки преземени за време на енергетска криза, дадоа резултати

За време на енергетска криза, кога цените на светско ниво рушат рекорди,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За време на енергетска криза, кога цените на светско ниво рушат рекорди, во Македонија состојбата е контролирана и стабилна. Наспроти сите прогнози на опозицијата и нејзините сателити, според Државниот завод за статистика инфлацијата се намали и на годишно ниво и во јуни изнесува 3,4%, рече денеска Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

Споредено со месец мај, инфлацијата забележува намалување од 0,5 проценти, додека, пак, индексот на цените на мало во јуни бележи намалување за 0,8%.

Тоа е што претставува посебен успех фактот што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци изнесува 2,5%, додека кај облека и обувки е 2,1% – бројки во услови на најголемата енергетска криза.

Реклама

Ова значи дека цените на прехранбените производи и безалкохолните пијалоци се држат на стабилно ниво, а владата презема заложби и мерки тие уште дополнително да бидат стабилизирани.

Тие што сакаат да креираат лажна перцепција во јавноста уште еднаш се поразени од бројките.

Овие резултати, кои не се само бројки и проценти, туку реалната слика и состојба во државата, се потврдени и од релевантните институции, како што е и Државниот завод за статистика.

Тоа што претставува посебно задоволство, е што сето ова е резултат на работата и добро проектираните и применети економски мерки на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Додека светот се соочуваше со високите цени на нафтените деривати, благодарение на брзата реакција на Владата, Македонија го одржа нивото на најниски цени на енергенсите во регионот.

Успешното спроведување на владините мерки за енергетската криза, своевремено, го потврди и ММФ, кој посочи дека Македонија е во топ трите земји по преземените мерки за ублажување на ценовниот шок на горивата.