Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Средба на членовите на собраниската Комисија за европски прашања со Сампедро Маркос, тема евроинтегративниот процес на земјава

Членовите и претседателот на Комисијата за европски прашања денеска остварија средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членовите и претседателот на Комисијата за европски прашања денеска остварија средба со Фернандо Маријано Сампедро Маркос, државен секретар за Европската Унија на Кралството Шпанија, информира собраниската прес-служба.

Претседателот на Комисијата и потпретседател на Собранието, Антонијо Милошоски, изразил задоволство што Шпанија посветува сѐ поголемо внимание на политиката на проширување на Европската Унија. Тој нагласил дека особено се цени континуираната поддршка што Шпанија ѝ ја дава на европската перспектива на земјава и на политиката на проширување на ЕУ.

Во тој контекст, Милошоски истакнал дека треба да се искористи актуелниот моментум за напредок во процесот на проширување, паралелно со Украина и Молдавија, преку отворање на преговарачките процеси. – Проширувањето ќе биде вин-вин ситуација во насока на обединета Европа, рекол Милошоски.

Реклама

Тој додал дека од Шпанија, како влијателна земја членка на Европската Унија, се очекува поддршка во надминувањето на билатералниот спор со Бугарија, преку изнаоѓање решение од заемна корист за двете страни.

Шпанскиот државен секретар ја потврдил поддршката за полноправно членство на нашата земја во големото европско семејство, истакнувајќи дека процесот треба да се темели на заслуги, исполнување на критериумите и почитување на европските вредности.

Присутните биле согласни дека средбата претставува само уште една потврда на одличните пријателски односи на двете земји, како и на заедничката определба за продлабочување на соработката, преку размена на искуства, добри практики и дијалог, со интензивни меѓусебни посети и заеднички активности во повеќе области.