Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Претседателката и Врховна командантка на вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова денеска го примил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката и Врховна командантка на вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова денеска го примил генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа.

За неа, како што информираат од нејзиниот кабинет, неговата официјална посета на земјава е потврда за интересoт и посветеноста на НАТО кон зачувувањето на мирот, безбедноста, стабилноста и единството на регионот.

Елаборирајќи ја подготвеноста на македонските вооружени сили за справување со безбедносните предизвици, таа укажала на видливиот и ценет македонски придонес во рамките на НАТО одбранбениот систем.

Реклама

Соговорниците ја истакнале важноста на изградбата на Коридорот 8, не само за регионалната отпорност, туку и за колективната одбрана.

Генералот Алексус Грегори Гринкевич, како предводник на воените операции на НАТО, истакнал дека SECEUR ја цени професионалноста и посветеноста на македонската Армија, потврдени преку учеството во бројните мировни мисии и сојузнички активности, оценувајќи дека македонската успешна приказна заслужува да биде претставена на претстојниот Самит на НАТО во Анкара.