Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Средба Муцунски – Гоунтанис: Потврдена заедничката посветеност за продлабочување на стратешко партнерство меѓу двете земји

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со заменик-потсекретарот за внатрешни работи на Соединетите Американски Држави, Џон Гоунтанис, а во фокусот на разговорот беа тековните активности поврзани со имплементацијата на билатералните приоритети и цели договорени на Втората сесија на Стратешкиот дијалог меѓу владите на Македонија и Соединетите Американски Држави, одржана во април годинава.

Како што информираат од Министеството за надворешни работи и надворешна трговија, соговорниците ја потврдиле заедничката посветеност за натамошно унапредување на соработката во областите од заемен интерес, во насока на понатамошно продлабочување на стратешко партнерство меѓу двете земји.

Особено внимание било посветено на енергетската и инфраструктурната отпорност, економската и трговската соработка, сајбер-безбедноста, миграциските прашања, како и на заедничките активности за сузбивање на организираниот криминал и нелегалната трговија со дрога и други наркотични средства.

Реклама

Во таа насока била нагласена важноста од континуирана координација и интензивирање на заедничките активности за спроведување на договорените иницијативи, во согласност со заедничките стратешки интереси на двете земји.