Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Прилози

Со над 120 македонски уметници ќе се одбележат 35 години независност

Од 8 август до 8 септември, Македонија ќе живее во знакот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 8 август до 8 септември, Македонија ќе живее во знакот на големиот јубилеј, 35 години од независноста. „Авалон продукција“  и Владата најавија музичка програма во повеќе од 10 градови низ државата со над 120 македонски уметници кои ќе бидат дел од национална сценска турнеја која ќе ги обедини сите генерации.

„Тука сме сега денес да најавиме еден проект кој за сите нас кој го работиме е неверојатно многу важен, затоа што тој задира во идентитескиот дел на прославата. Тоа што се слави е 35 години независност на Македонија“, изјави Бобан Милошоски од „Авалон продукција“.

Интернационалните ѕвезди се вредни за почит,но македонските уметници се македонската култура се оние кои го носат духот на една нација и сум исклучително горда што успеавме да влеземе во еден ваков проект во кој  над 120 уметници ќе бидат дел од за мене можеби најважниот проект од 35 години независност на Македонија“, изјави портпаролката на Влада, Марија Митева.

Реклама

Проектот ќе го режира еден од најреномираните македонски театарски режисери, Дејан Пројковски. Преку музика, театар и сценски спектакл, публиката ќе патува низ изминатите 35 години, гледајќи ја независноста од две перспективи низ очите на генерацијата која ја создаваше државата и на младите кои денес го продолжуваат нејзиното културно наследство.

„Создаваме една уметничка реалност каде што низ едно музичко сценско патување ќе патуваме низ тие 35 години. Обидувајќи се би рекол од два агли да ја гледаме независноста, една од генерациите која беше директен ученсик во тоа а другата е младата генерација која ја наследува независноста. Ќе пробаме да ги споиме генерациите, да направиме еден мост“, изјави режисерот Дејан Пројковски.

Внатре ќе бидат вметнати големите успеси на државата на на нашиот спорт, нашата уметност од сензационалниот гол на Артим Шакири против Англија до легендарното „Леле што направивме“ на Влатко Илиевски. Ќе се обидеме за убавите работи да правиме муабет“, изјави актерот Игор Џамбазов.

Меѓу учесниците ќе бидат најголемите имиња на македонската музичка сцена, а како што најави Џамбазов, идејата е празникот да биде заедничка прослава за сите граѓани, а македонските уметници уште еднаш да покажат дека се духот на една нација. Круна на едномесечната прослава ќе биде спектакуларниот концерт на светскиот диџеј и продуцент Дејвид Гета, кој на 8 септември ќе настапи во Скопје. Неговиот концерт е најавен како завршен музички спектакл на стадионот „Тоше Проески“.