Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Со измените во КЗ, застареа ставовите на Пендаровски, Груевски стана невин за Мерцедесот

Ниту правда ниту ЕУ. Од она на што почиваше Шарената револуција не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ниту правда ниту ЕУ. Од она на што почиваше Шарената револуција не остана ништо. Никогаш посилни не биле критиките за состојбата со корупцијата, криминалот, владеењето на правото. Измените во Кривичниот законик со кои ќе застарат многу дела ја прелија чашата, но како поминува време изгледа застареа и ставовите на претседателот Стево Пендаровски

„Еве го ‘мерцедесот на Груевски’ по еден од тие ставови во Кривичниот законик. Вели прибавил имотна корист за себе, го оштетил буџетот или оштетил некој трет. Како е оштетен буџетот со возило кое се купува од безбедносни резони и не треба втор понудувач и ден денеска е во употреба. Како прибавил имотна корист за себе Груевски или Гордана Јанкулоска, а ден денеска го возиме кога ќе дојде некој претседател или премиер“ рече Пендаровски.

Ова е изјава е сосема различна од она што Стево Пендаровски го говореше со години, а доаѓа откако тој без никаков проблем ги потпиша скандалозните измени на кривичниот законик со кои во вода паднаа најголем дел од случаите на СЈО.

Реклама

Сето ова уште повеќе ги подгрева шпекулациите дека власта веројатно се обидува да обезбеди мнозинство за уставните измени преку пазарење со поранешниот премиер и други бивши структури од опозицијата и се обидува да го разбие единството во ВМРО-ДПМНЕ со цел да ја намали предноста која партијата на Христијан Мицкоски ја има во моментот.

Со потпишувањето на сите укази на законите излгасани од власта Пендаровски очигледно се обидува да ја зајакне својата позиција во СДСМ и ДУИ во надеж дека повторно ќе биде кандидиран. Тој во телевизиско гостување во завиена форма најави дека би сакал уште еден мандат.

Неговите критики за за правосудството и корупцијата кои едно време беа многу погласни, последниве месеци стануваат се потивки.

Адријана Алексиеска