Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Собранието ја констатираше оставката на уставниот судија Гоце Наумовски

Собранието на почетокот на денешната пленарна седница ја констатираше оставката на уставниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието на почетокот на денешната пленарна седница ја констатираше оставката на уставниот судија Гоце Наумовски. 

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски соопшти дека е информиран од Наумовски дека нема да ја образложи оставката пред пратениците.

– Врз основа на член 121 став 1 од Деловникот на СОбранието, судијата на Уставниот суд доктор Гоце Наумовски може да ја облазожи оставката, но бидејќи сум известен дека судијата на Уставниот суд нема да ја образложи оставката на седницата на Собранието, констатирам дека согласно член 121 став 2 од Длеовникот на Собранието, на уставниот судија му престанува функцијата – рече Милошоски.

Реклама

Уставниот судија Гоце Наумовски на 16 јули поднесе оставка од функцијата. Од Уставниот суд тогаш информираа дека Наумовски до нив не доставил официјална информација за оставката, но претседателот на судот, Дарко Костадиновски, добил потврда за оставката во телефонски разговор со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

По неговото заминување, Уставниот суд ќе остане со седум судии.

Наумовски беше избран за уставен судија од Собранието на 18 февруари годинава со 63 гласа „за“, седум против и без ниеден воздржан.