Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Прилози

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Сеќавање на жртвите од Сребреница, но и преземање на одговорноста за се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сеќавање на жртвите од Сребреница, но и преземање на одговорноста за се она што се случуваше во војната во БиХ, кога хуманоста запре, а светот немо гледаше од страна. 31 година подоцна во македонското собрание беше одбележан 11 јули – Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

Човечкото страдање не знае за нација. Така беше во Сребреница, Рачак, а така беше и во Аушвиц“, вели Африм Гаши, претседател на Собранието.

Денеска, 31 година по геноцидот во Сребреница се собравме не само да дадеме почит на жртвите туку да ја изразиме заедничката одговорност пред жртвите, правдата и човечкото достоинство. Сребренница не е само географско место, таа симбол на најголемото страдање во Европа“, истакна Џевад Хот од  Бошњачкиот национален сојуз

Реклама

Филозофот Ферид Мухиќ  предупреди да не бидеме наивни дека Сребреница нема да се повторни, бидејќи таа постојано се повторнува на други места во светот. Затоа, нагласи Мухиќ, потребно ќе биде да се откажеме од омразата.

Да се освестиме да ја изгаснеме омразата да ги развиеме хуманистичките елементи разбирањето со чувството, и да се потрепе на тоа дека сме пред се луѓе кои имаат заеднички корени и заедники традиции и да даваме пример од Балканот каков што дававме 100тици години“, додаде Мухиќ.

Во меморијалниот центар Поточари, крај Сребреница регистрирани се 8.372 жртви, од кои над 7000 се досега идентификувани.