Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Собранието избира министер без ресор, Мицкоски порача дека институциите се отворени за сите со знаење и подготвеност за одговорност

– Собранието денеска ја почна расправата за избор на министер без ресор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Собранието денеска ја почна расправата за избор на министер без ресор во Владата за која функција е предложен Зулфикар Зејнула, претседател на Демократската партија на Турците, со која партија ВМРО-ДПМНЕ неодамна потпиша коалициски договор. 

Премиерот Христијан Мицкоски пред пратениците истакна дека зрелоста на Владата се гледа во  отвореноста на институциите за сите што имаат знаење, капацитет и искрена намера да придонесат и да не прашува, како што истакна, кој од каде доаѓа, туку со доверба, со работа, со институции што функционираат и со луѓе што се подготвени да преземат одговорност кога е најтешко.

– Денеска, пред вас не барам поддршка само за еден кандидат, барам поддршка за принципот дека институциите треба да ги водат луѓе што може да понесат одговорност, да носат одлуки и да работат во интерес на сите граѓани, без разлика на нивната етничка или политичка припадност – рече премиерот Христијан Мицкоски образложувајќи го предлогот.

Реклама

Нашата држава, посочи Мицкоски, денес има потреба од стабилност, од институции што функционираат, од луѓе што нема да ја трошат енергијата на политички пресметки, туку ќе ја вложат во решавање на проблемите на граѓаните.

– Токму затоа денес го предлагам Зулфиќар Зејнула за министер без ресор. Овој предлог е дел од една поширока политика што ја водиме од самиот почеток – политика на партнерство, меѓусебна доверба и преземање заедничка одговорност за иднината на државата. Тоа партнерство не се темели на поделби, туку на заедничка определба да се работи за интересите на сите граѓани. Верувам дека токму во ова се гледа зрелоста на една влада – да ги отвори институциите за сите што имаат знаење, капацитет и искрена намера да придонесат, да не прашува кој од каде доаѓа, туку со доверба, со работа, со институции што функционираат и со луѓе што се подготвени да преземат одговорност кога е најтешко – посочи Мицкоски.

Според него, повеќе од кога било во државата е потребна политика што обединува, а не политика што создава нови ровови, ги дели луѓето на наши и ваши, што произведува конфликти поради дневен политички профит.

– Државата не се гради со поделби, државата се гради со доверба, со работа, со институции што функционираат, со луѓе што се подготвени да преземат одговорност кога е најтешко – порача Мицкоски истакнувајќи дека Владата што ја предводи нема луксуз да размислува само до следниот политички настан и има обврска да размислува што ќе оставиме зад себе по завршувањето на мандатот. 

Мицкоски посочи дека одлуката што се носи треба да придонесе институциите да бидат посилни, поорганизирани и поспособни да одговорат на потребите на граѓаните, како и дека државата се менува со голема работа и со луѓе што секое утро доаѓаат на работа со чувство дека имаат должност кон граѓаните.

– Не ветувам дека сè ќе биде лесно, но ветувам нешто што за мене е многу поважно – дека ќе продолжиме да носиме одлуки од кои нема да бегаме, дека ќе продолжиме да ги избираме луѓето за кои веруваме дека може да ја извршуваат јавната функција и дека секој што ќе ја добие довербата, ќе знае дека таа доверба не е трајна, туку се заслужува секој ден. Тоа е принципот на кој ја градиме оваа Влада. И токму затоа верувам дека граѓаните препознаваат разлика и затоа денес ве повикувам и замолувам да го поддржите овој предлог – не поради Владата, не поради поединецот, туку поради интересот на Македонија и на сите нејзини граѓани – рече Мицкоски.