Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Сиљановска-Давкова го прими министерот за надворешни работи на Литванија, Кестутис Будрис

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни работи на Република…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис, кој е во официјална посета на државата.

-Соговорниците го поздравија отворањето на дипломатското претставништво на Литванија во Скопје, како и одлуката на македонската Влада за отворање амбасада во Вилнус, очекувајќи засилен политички дијалог, поголема економска и културна соработка, како и подобри севкупни односи меѓу двете држави, информираат од Кабинетот на претседателката.

Претседателката воочува значителен неискористен потенцијал за развој во областите на информатичките технологии, сајбер-безбедноста, образованието и иновациите.

Реклама

Во пресрет на Самитот на НАТО во Анкара, Сиљановска-Давкова ја потврдила определбата на државата, како кредибилен сојузник во Алијансата, да продолжи да придонесува кон колективната безбедност и стабилност.

Таа се заблагодарила за литванската принципиелна и континуирана поддршка на македонските евроинтеграции, особено како дел од групата „Пријатели на проширувањето“.

Исто така, претседателката очекува Литванија, како претседавач со Советот на ЕУ од идната година, да се заложи за кредибилен и предвидлив пристапен процес, заснован врз Копенхашките критериуми.

-За Сиљановска-Давкова, билатералните условувања од идентитетска природа се опасен преседан којашто може да биде погубен за политиката на проширување на Европската Унија. За министерот Будрис, актуелниот геополитички момент наметнува потреба од забрзано проширување, велат од нејзиниот кабинет. 

Будрис ги поздравил нашите досегашни реформски достигнувања, акцентирајќи ја важноста од нивно продолжување. За него, проширувањето на ЕУ ќе биде врвен приоритет за време на литванското претседавање со Советот на ЕУ во 2027 година.

Соговорниците се согласиле дека интеграцијата на Западен Балкан е геополитичко и безбедносно прашање од особен европски интерес.