Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Синдикатот на Полицијата во Македонија прогласи правна победа над стотиците незаконски решенија кои ги дели министерот Спасовски

      Незаконските решенија со кои полициски службеници се распределуваат на работа надвор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

      Незаконските решенија со кои полициски службеници се распределуваат на работа надвор од местото на живеење подолго од шест месеци на начин на кој што министерот Спасовски ги дели со години, државата ја чинат милиони евра, народни пари. Ова денеска го изјавија од Синдикатот на Полицијата во Македонија, откако Апелациониот суд потврдил неколку правосилни пресуди по тужби на обесправени полициски службеници, а кои судски се докажувале и по неколку години. Со ова тие прогласија правна победа и побараа итно стопирање на оваа незаконска пракса на министерот..

Согласно ЗВР и КД, сите оние кои кои се распоредени надвор од местата на живеење, односно во друга општина, можат да бидат распоредени максимум шест месеци. Правниот основ е според член 113, а не како во сегашната пракса во решенијата според член 111 од ЗВР…Признавајте ги и исплаќајте ги правата на работниците, немојте да правите штета на буџетот во МВР – рече Орце Коцевски, претседател на Синдикатот на Полицијата во Македонија.

   Неофицијално, досега биле издадени неколку илјади вакви незаконски решенија. Љупчо Мицевски е еден од нив. Тој е полициски службеник кој веќе две години работи во ПО во Ропотово, општина Долнени, иако живее во Прилеп. Тој секојдневно патува и  вели дека не добива никакви надоместоци, зарди што тужел, а и добил.

Реклама

„Пресудата што ја имаме добиено на Апелациски суд е дека е незаконско прераспоредувањето и за патните трошоци дека треба да се исплаќаат доколку некој полициски службеник е распределен надвор од местото на живеење..Покрената беше судска постапка, истата е финализирана и се надевам дека МВР ќе ја испочитува, не само мојата, туку и од останатите полициски службеници кои се надвор од местото на живеење ќе бидат вратени во своите општини, во својот град, да работат во своите ПС“, – изјави Љупчо Мицевски, прераспределен полициски службеник.

  Од Синдикатот на Полицијата во Македонија, побараа и итно стопирање на праксата за давање писмени наредби подолго од 30 дена. Во спротивно, се заканија дека ќе побараат одговорност пред сите надлежни институции, бидејќи, како што велат, сега во МВР не постоело ниту ред, ниту правда, ниту професионализам.  

 Каролина Дурло