Реклама

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Македонија

Се, само не уставни експерти, има во групата за менување на Уставот, почнува со работа среда-четврток

Кадри блиски до ДУИ и СДСМ единствени членови како експерти во работната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кадри блиски до ДУИ и СДСМ единствени членови како експерти во работната група за уставни измени, обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Лица блиски до власта заедно со сите владејачки партии без учество на ниедна опозициска партија од среда-четврток ќе дебатираат како да ги вметнеме бугарите во Уставот . Од партијата на Мицкоски велат дека доминира цврстиот впечаток дека овие лица најверојатно се експерти за се, освен за Устав и уставно право.

Во самиот состав може да се забележи една константа на кадри кои гравитираат околу владејачката ДУИ од една страна, и резервната СДС од друга страна. Откако голем број на професори одбија да бидат дел од ова затоа што јасно кажаа дека не се согласуваат да бидат дел од група за која пред се нема конзензус и со самото тоа нема цел, имаме ваков разнолик состав, Марија Митева – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Она што е симптоматично е дека во работните групи за уствни измени, нема ниту еден професор по уставно право, туку они кои прифатиле се кривичари, политиколози, роднини на екс градоначалници, судии, велат од партијата.

Реклама

Ана Чупеска е професор по политички науки, а не правник. На листата е и професор по меѓународно право, Елена Михајлова. Беса Арифи, е професор по кривично право, и сестра на поранешната градоначалничка на Тетово и висок функционер на ДУИ. Бранко Наумовски, татко на поранешниот градоначлник на Ѓорче Петров.

Иако работната група треба да се состане за некој ден, се уште не се знае колкав ќе биде хонорарот кој ќе им биде платен на експертите кои се нафатиле да бидат дел од групата, иако се уште не е е ни утврдена потребата за уставни измени.

Практично народот ќе плаќа пари за мислењата на експертите за да се вметнат бугарите во уставот, спторивно на волјата на граѓаните.

Дел од аналитичарите и професорите веќе коментираа дека процесот за уставни измени е почнат наопаку, оти прво треба да се изгласа потребата за истите, а потоа да се прават работни групи.

Се чини дека властите намерно го почнале вака процесот оти се многу далеку од обезбедување на 80 пратеници кои би гласале ЗА. ВМРО-ДПМНЕ е децидна, тие нема да гласаат за уставни измени, и од партијата на Трајанов соопштија дека нема да го пртиснат зелениот тастер. Најверојатно ниту пак Беса со своите пратеници ќе гласа ЗА уставни измени, доколку Ковачевски не им ги исполни барањата за бришење на формулацијата 20% за јазикот од Уставот.

Се погласни се шпекулациите дека фракцијата на ДУИ ќе се отцепи од интегративците и ќе направи сопствена партија, иако тие кажаа дека поддржуваат уставни измени, сепак гласините дека ќе коалицираат со Беса, оставаат простор и нивниот глас да биде под знак прашалник.

Meри Симоновска