Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Економија

Македонија пред совршена економска бура – намалени проекциите за раст

Македонија пред совршена економска бура. Стопанството го демне ризик од стагфлација, односно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија пред совршена економска бура. Стопанството го демне ризик од стагфлација, односно намалување на производството при зголемување на цените – наведува Светската Банка во најновиот извештај.

Во него е намалена проекцијата за економски раст на земјава. Се очекува годинава да достигне 2.1% , а во следните две 2.7 односно 2.9%. Ова значи дека на домашното стопанство ќе му треба уште многу време да се врати на нивоата од пред пандемијата.

„Војната во Украина и енергетската криза ги намалуваат изгледите за раст, инфлацијата ги достигнува историски највисоките нивоа и ги поткопува реалните приходи на сиромашните. Со ограничен простор за задолжување и покачен јавен долг… фискалните политики мора да ги таргетираат најранливите“ наведува Светска Банка во делот од извештајот посветен на Македонија.

Реклама

Меѓународната финансиска институција проектира дека инфлацијата годинава ќе достигне 12.1%, а во следните две ќе почне да се намалува и ќе биде 6.1 односно 3.0%. Економистите од Светска Банка сметаат и дека таа не е резултат само на надворешни влијание туку и на домашни фактори, како зголемената минимална плата на почетокот од годинава.

„Земјата мора да започне со реализација на реформските ветувања кои би можеле да го зајакнат потенцијалот за раст на среден рок. Политичките напори треба да бидат насочени кон враќање на фискалната и финансиската одржливост“ пишува во извештајот на Светска Банка.

Македонија има ограничен простор за натамошни задолжувања, а последните шокови дополнително ја влошија фискалната одржливост, стои во извештајот во кој е наведено дека јавниот долг годинава ќе биде 59.4% од БДП, а во следните две ќе продолжи да расте и ќе достигне 59.9 односно 61.4%.

Бојана Златкова