Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Салмонела во детската градинка „Корчагин“ во Центар

Тринаесет деца до две годинишна возраст од детската градинка „Корчагин“ од Центар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тринаесет деца до две годинишна возраст од детската градинка „Корчагин“ од Центар имаат наод на салмонела, а се чекаат уште резултати. Детската градинка „Корчагин“ во Центар деновиве е под строг надзор и со посебни мерки, пренесува Телма.

Здравствени работници од Центарот за јавно здравје направиле увид и земале микробиолошки примероци.

Децата се со потврден наод, а негувателите биле негативни. Тестовите ќе покажат дали некој од кујнскиот персонал е заразен.

Реклама

Санитарни инспектори веќе ја посетиле градинката и издадени се повеќе мерки.

Иако од страна на Центарот за јавно здравје од Скопје веќе е направен увид, ниту една од насоките до менаџментот не гласи да се повикаат и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, брифираат од градинката.

До Агенцијата за храна и ветеринарство не пристигнала ниту претставка.

Првиот случај е регистриран пред една недела. Потоа се појавиле и другите случаи. Симптомите присутни кај децата биле дијареја и покачена телесна температура.

Но, засега не е констатирано од каде е потеклото на заразата.