Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Свет

САД извршија нови напади врз Иран, Техеран возврати со напади врз Кувајт и Бахреин

Повторно растат тензиите на Блискиот Исток. Соединетите Американски Држави извршија нов бран…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повторно растат тензиите на Блискиот Исток. Соединетите Американски Држави извршија нов бран воздушни напади врз цели во Иран, наведувајќи дека акцијата е одговор на нападите врз трговски бродови во Ормускиот Теснец и има за цел да ја обезбеди слободата на пловидба низ една од најважните светски поморски рути.

Техеран возврати со ракетни и беспилотни напади врз Кувајт и Бахреин, каде што се наоѓаат американски воени бази, додека властите во регионот презедоа засилени безбедносни мерки. Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека привременото примирје со Иран е завршено и предупреди на уште посилен одговор доколку нападите продолжат.

Новата ескалација ги намалува шансите за продолжување на дипломатските разговори и повторно ги зголеми стравувањата за безбедноста на Ормускиот Теснец, преку кој минува значителен дел од светската трговија со нафта. Во меѓувреме, неизвесноста околу конфликтот влијаеше и врз светските пазари, при што цените на нафтата повторно бележат раст.