Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Прилози

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Рокот истекува – договор за новите изборни правила нема. Блокадата на СДСМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рокот истекува – договор за новите изборни правила нема. Блокадата на СДСМ И Левица ќе ја чини Македонија повеќе од вообичаеното политичко препукување – без овој закон, нема целосно исполнета рефромската агенда, како еден од клучните услови за напредок кон Европската Унија. И покрај тоа што власта им ги прифати речиси сите забелешки, освен гласањето на дијаспората, партиите на Филипче и Апасиев не најдоа заеднички јазик за премостување на разликите. За ВМРО-ДПМНЕ ваквиот однос на опозицијата покажува дека ќе сторат се, само да не им се ослени гласањето на нашите иселеници низ светот.

Едните демек повикаа опозицијата да се седне и да разговара, а другите демек не ја прифатија понудата. Ова е само провидна игра на опозицијата, со која единствената цел е да не се олесни гласањето на дијаспората, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

Опозицсиката СДСМ, која ја одби средбата со Левица, на која требаше да се разговара како ќе се настапи во однос на ставовите на владата, тврдат дека целат на власта е да се манипулира со гласовите на нашите иселеници, и дека масовното гласање на дијаспората ќе отвори можност за кражба на нивнирте гласови

Реклама

Ако се придржувааа единствено до препораките на ОБСЕ и ОДХР немаше проблем ќе го поддржевме тој закон и тоа е се што бараме, да не дозволат механизам со кој ќе се манипулира на изборите. Ете тоа бараме од оваа власт. Ќе поддржиме закон кој е вропски, кој е согласно препораките, ама нема да дозволиме власта да протне механизам со кој утре ќе ги краде изборите, изјави преетседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Од ЕУ се оптимисти дека и покрај непомирливиот јаз меѓу власта и опозицијата, но и меѓу СДСМ и Левица, сепак последниот реформски закон ќе биде изгласан во Собраинието.

Искрено се надевам дека консензусот помеѓу политичките партии ќе се постигне. Координаторите на политичките партии се среќаваат на дневна основа и искрено се надевам дека овој чекор, измените на изборниот законик ќе се постигнат, бидејќи се работи за 4,2 милиони евра, вели евроамбасадорот Михалис Рокас.

Според моменталните законски решенија, иселениците можат да гласаат само во амбасадите и во конзуларните претставништва на Македонија. власта сега предлага алтернативни решенија за осленување на гласањето – тоа да биде онлајн или преку пошта. Околу измените на Изборните законик, парламентарните партии преговараат цели четири месеци. Рокот за нивно гласање изминува утре.