Реклама

Груби излезе од куќен притвор, денеска ќе се дознае дали ќе го добие и пасошот

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Прилози

Ресорите поделени, партнерите договорени: Имињата на новите министри ќе се знаат утре по 20 часот

Договор за ресорите има, но имињата на министрите ќе се знаат утре…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Договор за ресорите има, но имињата на министрите ќе се знаат утре после 20 часот, откако тие ќе минат низ филтерот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека додека не помине седницата на највиското партиско тело, никакви детали нема да бидат соопштени, а јавноста подетално ќе биде запознаена по нејзиниот крај.

-Ние не сме разговарале за персонални решенија, за имиња, принципелно имаме договор околу ресорите. Јас во минатото кажав, додека не се заврши седницата на Извршниот комитет на партијата нема да коментирам, ниту ресори, ниту имиња. Почекајте до утре, до отприлика некаде 20 часот, јавноста ќе биде подетално запознаена. Јас и во изминатиов период, така и денес, така и утре до 20 часот нема да коментирам ниту ресори, ниту персонални кадровски решенија, додека не помине седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.

Од тоа што е познато, најголеми рокади има во здравството, правда и култура. Влен се повлекува од министерството за здравство, ЗНАМ од правда, а ВМРО-ДПМНЕ од културата. Од министерската позиција заминува и првиот човек во социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, бидејќи овој сектор повеќе нема да биде рацете на Влен. Според министерот ниту една фунцкија не е вечна, а кој и да го наследи, најважно е да ги продолжи успешните проекти кои биле започнати.

Реклама

-Да се насочиме кон изградба на овие проекти и на слични други проекти, кои ќе бидат во полза на сите тие што вчера и денес ни веруваат. Друго не ни останува, вечно нема ни позиција, па нема ни живот, па нема ни живот. Мислам дека тие што ќе дојдат после нас, ќе бидат милион пати подобри од нас, изјави Лимани.

Според првиот човек на СДСМ, Венко Филипче, реконструкцијата немало да донесе ништо за граѓаните.

-Замената на луѓе во ресорите, замената на различни имиња е нешто што е небитно, тоа е замена на Курто со Мурто и ништо друго. Граѓаните нема да видат ама апсолутно никаков бенефит, од оваа Влада која што ја води Христијан Мицкоски, се ќе биде статус кво, изјави Филипче.

Најавената промена на дел од министрите беше причина за нови критики од ДУИ. Каков и да бил изборот, тоа не бил избор на албанските граѓаните.

-Каква и да е распределбата, кои и да се тие министри што ќе бидат именувани или разрешени, тие се во функција или на извршители или на адвокати на оваа програмска определба. А бидејќи ја немаат волјата на Албанците, било која распределба и именување ќе биде волја на премиерот и на македонската политичка партија во Владата и тоа нема да се одрази по однос на волјата на Албанците, вели потпретседателот на ДУИ, Османи.

Инаку во моментов на позициите кои остануваат за Влен од претходно, се Муамет Хоџа во животна средина, Бесар Дурмиши во економија и труд и Беким Сали во европски прашања.

Матеја Петровски