Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Раштиман оркестар во Влада: Разговараат ли меѓу себе премиерот и министрите на Илинденска број 2?!

Раштиман оркестар на Илинденска број 2. Ако ги следиме јавните обраќања на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Раштиман оркестар на Илинденска број 2. Ако ги следиме јавните обраќања на владините функционерите, сите јасно можеме да се запрашаме дали тие меѓу себе воопшто комуницираат. Функционерите меѓу себе се напаѓаат на најразлични теми, дел од нив и клучни, како што е спорот со Бугарија, амнестијата и рудниците во Струмица. Па така на пример, министерот за надворешни работи вели дека и по евентуалните уставни измени, можеме да очекуваме нови бугарски уцени и условувања. Изјава која пак не ја слушнал вицепремиерот Бојан Маричиќ.

-Не знам што рекол Османи, кажа Маричиќ.

Со зборовите на Османи не се согласува ниту неговиот барем на хартија шеф, Димитар Ковачевски.

Реклама

–Ние комуницираме многу често меѓу себе и министерот Маричиќ и министерот Османи и јас и ако ја погледнете изјавата на министерот Османи, тогаш таа е многу јасна и не се разликува од неговите изјави во минатото, ниту се разликува од другите изјави. (Добро сепак Османи говори дека може да има нови барања, добро еве ако комуницирате со него како што кажавте на какви нови барања мисли?) Точно ви објаснив на тоа што ви го кажав, изјави Ковачевски.

Покрај темата Бугарија, на Илинденска колегите барем пред јавноста не се согласуваат и на темата амнестија, поточно предлог законот кој е пратен во Собранието. Па така, Кренар Лога првиот човек во правда го брани предлог законот.

-Ако се блокира, ќе испратам до сите пратеници албум со условите во затворот Идризово и по едно огледало за да се видат себеси пред огледалото, јавноста и своето семејство, кажа Лога.

Првиот полицаец пак го напаѓа.

-Јас искажав мој став и кажав дека тоа е мој став и јас стојам цврсто на тој став, дека со законскиот текст не се постигнуваат ефекти, кажа Спасовски.

Разгогласие во Владата има и на темата Иловица Штука, односно рудниците во Струмица. Со владина одлука се дозволи нивна изградба, а оние пак кои гласаа за таа одлука во јавноста се против истата.

-Мојот став е јасен , Рудник во Струмица нема да има, кажа Спасовски.

Премиерот пак говореше дека ќе барал проверка на одлуката помината со негов потпис.

-Министерството за економија е задолжено на наредната седница да достави детална информација за сите одлуки, судски и управни постапки кои што се водени од 2012 година до денес, кажа премиерот.

Различни се ставовите и околу можните нови блокади на европскиот пат. Ковачевски секојдневно не убедува дека само Бугарите во Уставот се доволни за непречен пат кон Европа, додека дел од другите министри, чиј шеф е токму Ковачевски јасно порачуваат дека сепак мора да се зафатиме повеќе и на домашните задачи, односно борбата со корупцијата и владеењето на правото, клучните сегменти на патот кон ЕУ.

Матеја Петровски