Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Работната група на Македонија и Бугарија постигна согласност за активностите за изградба на прекуграничниот железнички тунел на Коридор 8

Денеска во Софија се одржа првиот состанок на работната група на Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска во Софија се одржа првиот состанок на работната група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовка и реализација на изградбата на заедничкиот прекуграничен железнички тунел на Коридор 8.

Согласно Договорот, со работна група претседаваа замениците министри за транспорт на двете земји. Од наша страна претседаваше заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, а од страна на Бугарија, заменик министерката Цвета Тимева. 

Во состав, покрај заменик министерката Калтрина Зеколи Шаќири како ко-претседавач, учествуваат и претставници од Министерството за транспорт, Министерството за надворешни работи, од Министерството за внатрешни работи, од Министерството за одбрана, од Министерството за животна средина и просторно планирање, претставници од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура како и од Железници Транспорт АД-Скопје

Реклама

Заменик министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири потеницира дека изградбата на прекуграничниот железнички тунел претставува стратешки проект од регионално значење, проект што железнички ќе ги поврзе двете земји и ќе придонесе за побрз и поефикасен транспорт на стока и патници и можност за зголемување на економска соработка меѓу двете држави.

На состанокот на кој се разговарaше за клучните активности поврзани со подготовка и изградбата на прекуграничниот тунел, двете страни ја потврдија својата посветеност за интензивирање на меѓусебната соработка и координација во сите фази од неговата реализација.

На средбата беше постигната согласност за воспоставување јасна динамика на активностите, дефинирање на конкретни обврски на надлежните институции од двете земји, како и за продолжување на заедничките технички подготовки за изградба на прекуграничниот железнички тунел.

Членовите на работната група ги утврдија следните чекори во насока на обезбедување на финансиска поддршка и техничката координација, при што беше потврдена заедничката определба за забрзување на реализација на овој стратешки инфраструктурен проект.

Двете страни ја истакнаа важноста на Коридор 8 како еден од најзначајните европски транспортни коридори и ја потенцираа силната поддршка што Европската комисија ја обезбедува за неговата реализација.

Во согласност со усвоените заклучоци, беше договорено следниот состанок на заедничката работна група да се одржи во Скопје, каде што ќе биде направен преглед на реализацијата на договорените активности и ќе се утврдат наредните чекори за реализација на проектот.

Владата преку Министерството за транспорт останува целосно посветена на реализацијата на стратешките инфраструктурни проекти и на унапредувањето на железничката инфраструктура, во насока на регионалната поврзаност и интеграцијата во европската транспортна мрежа.