Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Работилницата за аромите во храната и пијалаците собра научници од седум европски држави во Штип

На Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип денеска се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип денеска се одржа меѓународна работилница посветена на испитувањето на аромите во храната и пијалаците. На работилницата учествуваат домашни и странски предавачи и учесници од повеќе европски држави. Универзитетскиот професор Зоран Поповски вели изборот на работилницата да се одржи во Штип е резултат на активното учество на Универзитетот „Гоце Делчев“ во европските COST акции. 

-Значењето е во неколку работи, значи ние во овој момент сме една од најпрестижните држави со околу 92 отсто опфатна научна популација во кост акции. Втора работа е тоа што добивме три кост акции како предлагачи, односно како носители на тие акции. Во изминатите 24 години сме имале само две, а оваа година добивме три такви акции. УГД е една од институциите и како Универзитет, но и факултетот од поактивните членови, навистина имаат големо учество и веројатно, тоа била причината, за менаџментот на оваа акција да се определи оваа работилница да ја организираат во Штип-рече Поповски.

На работилницата учествуваат експерти од седум европски држави. Гостите ќе имаат можност да дегустираат македонски вина и храна.

Реклама

-Почестени сме и навистина сме горди што го организираме овој настан на земјоделскиот факултет. Работилницата е посветена на сензорна еваулација и аналитичка карактеризација на храна, која е што базирана на растителни протеини и на пијалоци. Во рамки на работилница ќе имаме мастерс клас на македонски вина. Гостите од страна ќе имаат можност да се запознаат со македонсктие вина, да дегустираат македонската растителна храна, која е тема и ќе имаме предавање од експерти од седум држави-изјави Виолета Иванова Петрополус, професор на Факултетот за земјоделски науки-Штип. 

Професорката Барбара Сигмунд од Универзитетот за технологија во Грац вели дека малите групи овозможуваат подобра комуникација и соработка. 

-Добра можност за средби и работа во мали групи, имаме околу триесетина учесници , и одлична можност да се измешаат професори и, што е уште поважно, млади научници. Ваквите мали групи овозможуваат ефикасна комуникација и интеракција, која не е можна на поголемите конференции- вели Сигмунд.

 Инаку, претставниците на факултетот за земјоделски науки посочија дека ваквите меѓународни средби се значајни за поврзување на научниците и размена на искуства.