Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани

Пченицата и јачменот кои деновиве интензивно се жнеат во битолскиот дел на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пченицата и јачменот кои деновиве интензивно се жнеат во битолскиот дел на Пелагонија се со подобар квалитет од лани, информираа од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ).

Од АПРЗ со седиште во Битола нагласуваат дека годинава освен подобар квалитет има и поголеми приноси на пелагониската житница.

– Жетвата во Пелагонија е во полн ек. Јачменот е ожнеан со над 90 проценти од вкупните површини и има приноси од над пет тони по хектар, додека пченицата е ожнеана на 50 проценти од вкупните површини со пченица и приносот се движи од 4,5 до 5 тони по хектар. Сакам да истакнам дека квалитетот на пченичното зрно, но и јачменот се подобри од лани, истакна Пеце Стојковски, директор на АПРЗ Битола.

Реклама

Според експертите од АПРЗ подобрите приноси се должат на навремена подготовка на земјоделските површини, стручен пристап и почитување на препораките на експертите од земјоделците во услови на климатски промени.