Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Проблемот со водата во Гостивар ќе се решава со проширување на мрежата и нова водоводна линија од изворот на Вардар

Проблемите со водоснабдувањето во општина Гостивар наскоро треба да бидат надминати и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проблемите со водоснабдувањето во општина Гостивар наскоро треба да бидат надминати и да се обезбеди вода за пиење за сите корисници, ова го кажа градоначалникот Ваљбон Лимани во одговорот на новинарско прашање на настан во Гостивар.

Тој појасни дека локалната самоуправа, во координација со Јавното претпријатие „Комуналец“, по проблемите кои се појавија минатиот месец, презеде серија мерки за стабилизирање на состојбата.

– Во моментов активно се работи на неколку клучни локации на терен. Главниот фокус е ставен на изградбата на новата водоводна линија од изворот на Вардар во Вруток. Според процените на експертските тимови, со реализацијата на овој проект капацитетот на водоснабдувањето ќе се зголеми за педесет до шеесет проценти. Со овој зафат, во голема мера ќе го решат долгогодишниот недостиг со намалениот капаците на водоводот, рече Лимани.

Реклама

Во меѓувреме, како што посочи, санациите и итните мерки кои биле спроведени дале видливи резултати и граѓаните во повисоките зони добиваат вода. Лимани потенцира дека остануваат уште неколку критични точки на кои се работи паралелно за водоснабдувањето да биде нормализирано до крајот на јули.

Најавите за рестрикции, првиот човек на општина Гостивар ги отфрли како непроверени информации и увери дека и во случај на евентуални проблеми во повисоките зони, ќе се реагира интервентно за да се обезбеди вода за сите во текот на летниот период.

Тој ја искористи можноста да упати апел за одговорно однесување и користење на водата од градскиот водовод:

– Сите граѓани мора да бидат максимално одговорни за тоа како и колку ја трошат водата. Дури и по пуштањето на новата водоводна линија, рационалната потрошувачка е клучна за секое домаќинство да има непречен пристап до вода за пиење, рече градоначалникот Лимани.

На проблеми со недостиг на вода преку поголемиот дел од денот се жалеа жителите на населбите „циглана“, „фазанерија“, а на протест излегоа и жители од селото Дебреше. Изминативе денови имаше повеќе часовни прекини, заради дефекти на три локации.