Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Прилеп подготвен за почетокот на „Пивофест 2026“

Прилеп е подготвен за вечерашното отворање на 23. издание на манифестацијата „Пивофест…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прилеп е подготвен за вечерашното отворање на 23. издание на манифестацијата „Пивофест 2026“, која до недела ќе понуди богата музичка програма, гастрономска понуда и фестивалска атмосфера за илјадници посетители од земјава и странство. 

Градоначалникот Дејан Проданоски информираше дека целата инфраструктура е подготвена за одржување на фестивалот. Во централното градско подрачје, на површина од околу 3.000 квадратни метри, поставени се штандовите и бините на кои ќе настапуваат македонски и балкански музички ѕвезди.

-Градот со целата инфраструктура е подготвен за фестивалот. Поставени се и штандовите. На располагање се јавните комунални претпријатија. На околу 3.000 метри квадратни во центарот на Прилеп, околу и на булеварот Гоце Делчев се поставени штандовите и бините на кои ќе настапуваат македонски и балкански музички ѕвезди. Вечер е формалното отворање на фестивалот. На сите гости и посетители ќе им понудиме три добри фестивалски денови. Апелирам до прилепчани повеќе да го користат градскиот превоз за да има паркинг простор за сите гости. Капацитетите се полни. Овие денови главните летни случувања се токму во Прилеп, рече Проданоски на денешната прес – конференција пред почетокот на Фестивалот.

Реклама

Општина Прилеп го поддржа фестивалот со два милиони денари. Во рамки на манифестацијата се поставени 15 штандови со храна и пијалаци, а својата понуда ќе ја претстават пет пиварници со околу 20 различни видови пиво.

Прилепчани велат дека „Пивофест“ е еден од најзначајните настани во градот, кој секоја година привлекува бројни гости, пријатели и иселеници, придонесувајќи за добра забава. 

Од локалната самоуправа очекуваат фестивалот и годинава да донесе значителен туристички и економски бенефит за Прилеп.