Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Претставување на новиот Кодекс на новинари

Во Европската куќа во Скопје денеска ќе биде претставен новиот Кодекс на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Европската куќа во Скопје денеска ќе биде претставен новиот Кодекс на новинари – документ што претставува значаен чекор во унапредувањето на професионалните и етичките стандарди во новинарството, информираа од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ).

– Иницијатива за измена и дополнување на Кодексот на новинарите, како една од носечките активности во рамките на проектот „Јакнење на етичките стандарди за поголема доверба во медиумите“, поддржан од владата на Швајцарија преку „Цивика мобилитас“, се спроведе преку инклузивен и повеќефазен процес, со цел унапредување на етичките стандарди во новинарството и нивно усогласување со современите медиумски предизвици. Измената опфаќа два дела: ревизија на постојните одредби и воведување нови стандарди, кои одговараат на дигиталната ера и новите форми на известување. Финалното решение се базира на широка консултација со новинарската заедница. Во таа насока беа одржани повеќе работилници и консултативни средби со новинари, уредници и медиумски работници од разни делови на државата, при што се собрани практични предлози и искуства од терен – соопштија од ЗНМ и МИМ.

Предвидено е настанот да почне во 11 часот.