Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Прилози

Пренатрупаност, несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Преполни затвори, затвореници спијат на под, немаат постојано чиста вода за пиење,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преполни затвори, затвореници спијат на под, немаат постојано чиста вода за пиење, ниту соодветна здравствена услуга. Годишниот извештај на Националниот превентивен механизам за 2025 година покажува сериозни системски проблеми во третманот на лицата лишени од слобода. Народниот правобраните затекнал лоша состојба во затворите во Скопје, Куманово, Идризово, Струга и Охрид, како и Воспитно-поправен Дом Тетово, но и во полициските станици.

„Беа затекнати душеци со постелнина, оставени директно на подот на кои преноќуваа притворени лица. Дополнително повторно беше нотиран и долготрајниот проблем со обезбедувањето вода за пиење. Установата располага со одредени количини техничка вода добиена во бунари, меѓутоа таа не е доволна и не се обезбедува кнтинуирано.“, изјави Соња Трифуновска, заменик народен правобранител

Реклама


Константирани се пропусти и во психијатриските болници. Во болницата во „Демир Хисар“ на штета на пациентите и особено на психички најтешките болни, медицинските работници се принудени да работат и како безбедносен кадар, затоа што осудениците кои со врски дошле таму само за да не одат во затвор, ги малтретираат, ги злоупотребуваат и плашат болните. Организираат и успешни бегства од болницата, затоа што државата таму нема затворска полиција.

„Обезбедувањето квалитете, стручен и независен систем на психијатриско вештачење, како и зајакнувањето на капацитетите на форензичката психијатрија, претставуваат важен предуслов за заштита на правата на пациентите за правилно функционирање на правосудниот систем и за зачувување на довербата во институциите.“ изјави Соња Трифуновска, заменик народен правобранител

Иако во одредени области се забележуваат придвижувања и напори за подобрување на состојбите, голем дел од проблемите на кои Националниот превентивен механизам укажува со години, остануваат актуелни и денес. Народниот правобранител апелира за посилна институционална посветенсот