Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

„Преку езерото“ годинава од 8-15 јули во Дојран, Струмица и Гевгелија

Една светска и две македоснки премиери, шест долгометражни и шестнаесет краткометражни филмови,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Една светска и две македоснки премиери, шест долгометражни и шестнаесет краткометражни филмови, работилници и предавања. Петтото издание на фестивалот „Преку езерото“ кое ќе се одржи од 8 до 15 јули нуди атрактивна и внимателно одбрана програма.

Годинава добитник на наградата Мето Јовановски е макеоднскиот актер кој во најголем дел работи на американски филмови, Тони Наумовски кој допатува од преку океанот за да ја прими наградата на „Преку езерото“.

„Иако, според мене, актерството е професија на вечно учење, не постои актер, особено добар актер, кој еднаш и засекогаш завршил некакво училиште затоа што животот и проектите од кои влегува и излегува се училиштето со кое цел живот, нели, се соочува“, изјави Јани Бојаџи, директор на фестивалот „Преку езерото“.

Реклама

Секое признание значи, исполнува и мотивира, обврзува и е привилегија особено кога тоа признание доаѓа од дома вели Тони Наумовски.

„Се чувствувам благодарно, благословено, привилегирано и понизно да ја добијам оваа награда, која го носи името на човек – Мето Јовановски – кој играше во лига на светски шампиони“, изјави Тони Наумовски, добитник на наградата „Мето Јовановски“

Оваа година фестивалот става посебен фокус на иранската кинематографија со пет проекции од кои една светска премиера, како и панел дискусија посветена на современиот ирански филм.

„Кинематографија во фокус, ќе одржиме еден интернационален панел, панел дискусија, ќе овозможиме да ја постигнеме за прашањето, кое се надеваме дека ќе постигнеме да начнеме дел од прашањето, кој ќе ја режира иднината на современениот, ирански филм, односно дали може иранскиот филм да се носи со предизвиците, на модерното  живеење“, изјави Златко Гелески, селектор на Фестивалот „Преку езерото“.

Новитет е соработка со „Креативна Европа” и организирање на работилница на актуелна тема вештачката интелигенција и современата кинематографија.

„Годинава очекуваме приближно со нас домаќини гости да бидеме над стотина луѓе на фестивалот, имаме три градови, Ѓевѓелија, Струмица и Дојран. Секој ден имаме добра програма“,  изјави продуцентот Дејан Милошевски.

Ова е петто, јубилејно издание на „Преку езерото“, фестивалот од година во година добива на препознатливост, квалитет и влијание а потврда за тоа е и фактот што се шири во уште два града, освен во Дојран активности ќе има и во Гевгелија и Струмица. 

Ирена Пепељуговска Цветановски