Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

По три дена се одзва Министерството за животна средина, нема одговор зошто е реактивирана депонијата во близина на заштитената зона на Рашче

Министерството за животна средина по три дена и официјално потврди – тие ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за животна средина по три дена и официјално потврди – тие ја избрале локацијата каде се фрла отпадот од пречистителната станица на некогашен Југохром односно тие наложиле каде и како да се одлага калта која веројатно содржи и тешки метали.

  • „Министерството одговорно тврди дека тоа што се испушта е милта која е собрана од дренажниот систем и се враќа на самиот извор од каде доаѓа, како единствен безбеден начин. Милта се враќа на постоечката депонија“ стои во одговорот на прашањата на Алфа до МЖСПП.

Сепак, во одговорот што го добивме никаде не е објаснето ниту зошто се реактивира постоечката депонија која е во непосредна близина на заштитната зона на изворите Рашче, ниту дали сето ова може да има последици по водата која ја пијат над половина милион луѓе. Топката ја префрлаат кај скопски Водовод и канализација.

  • „ЈП Водовод и канализација редовно ја следи состојбата на квалитет на водата од изворите Рашче согласно обврските за заштита на изворот Рашче и условите од дозволата со цел обезбедување исправна вода за пиење на Градот Скопје и околните населени места“ велат од МЖСПП. 

Дали одлуката на Министерството е најсоодветна засега останува отворено прашање. Одговори ќе побара и градоначалникот на Јегуновце, кој во изјава за Алфа најави жалби и претставки до сите надлежни институции за да се провери дали навистина нема загадување за изворите Рашче и на локалната животна средина.

Реклама

Депонијата се наоѓа непосредно до заштитната зона на Рашче, а сега со нејзиното реактивирање и фрлање на дополнителен отпад наместо трајно решавање на проблемот се создава нова потенцијална опасност.

Ова е една од жешките еколошки точки во Македонија. Тука со децении се носеле остатоците од индустриското производство на Југохром кои, меѓу другото, содржат хромати на калциум, алуминиум, натриум, но и шестовалентен хром за кој е докажано дека е канцероген односно опасен за човекот и животната средина.

Инаку пред само десетина дена во Министерството за екологија изби и друг скандал – службеник вработен таму дал дозвола да се изгорат 17 илјади килограми опасен отпад во депонијата Дрисла која немала соодветни услови за тоа. Финансиската полиција му поднесе пријава и го сомничи за земање поткуп во висина од 450 илјади денари.

Викторија Миткова