Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Економија

Почна проширувањето на патот меѓу штипските населби Баби и Караорман

Почна проширувањето на патот меѓу населбите Баби и Стар Караорман, односно делница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна проширувањето на патот меѓу населбите Баби и Стар Караорман, односно делница кои ги поврзува општините Штип и Карбинци. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов попладнево изврши увид во градежните работи и посочи дека жителите кои транзитираат по овој пат со години бараат негово проширување, изградба на тротари и поставување на улично осветлување, заради поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот. 

-Имавме доста голем безбедносен ризик за сите учесници во сообраќајот и за пешаците, но и за управувачите на автомобили кои транзитираат и возат во овој дел. ​И дополнително, она кое што го планираме како локална самоуправа е проширување, делумно проширување на патот, затоа што согласно стандардите, овој патен правец има потреба од проширување за безбедно движење на автомобилите и користење на оваа сообраќајница – изјави Јорданов.

​Тој посочи дека вкупниот финансиски износ кој е обезбеден од парите на граѓаните,односно од буџетот на Општината е 7 милиони денари. Проектот ќе се реализира на три фази.

Реклама

– А еве денес, како што напоменав, најпрво ќе се полага кабел, односно електрика, подоцна ќе се третираат тротоарите, ќе се осветлува потегот, за на крај се изасфалтира она проширување кое е исто така предвидено на овој патен правец.​ Етапно работиме, она кое што е наша крајна цел е да обезбедиме соодветен сообраќај со можност безбедносно движење на пешаци и  на автомобили на овој потег помеѓу населба Баби и населба Караорман и соодветно поврзување помеѓу општина Карбинци и општина Штип – подвлече Јорданов.