Реклама

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Македонија

Почна изградба на гаражи за противпожарни возила во села во кумановско

Почна изградбата на гаражи за противпожарни возила во три села во Куманово.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна изградбата на гаражи за противпожарни возила во три села во Куманово. Општината преку потпишаниот Меморандум за соработка со противпожарната единица од Тирол, Австрија има обврска да изградба  гаражи и да  формира доброволни пожарникарски друштва во руралните средини. Соработката со австрискиот регион Тирол значително придонесе за подобрување на противпожарните капацитети на Општина Куманово, изјави градоначалникот Максим Димитриевски. Досега, обезбедени се шест противпожарни возила, а во тек е изградба на гаражи за нивно сместување во неколку населени места.

– Пчиња не е изземено од проектот. Во моментов немаме државна локација во селото каде што би можеле да изградиме гаража. Во договор со нашите партнери од регионот Тирол се договоривме тоа да биде реализирано во втората фаза, а во меѓувреме ќе се обидеме имотот со кој располага Министерството за здравство да биде пренесен во сопственост на Општина Куманово. Потоа на таа локација ќе може да се издаде одобрение за изградба на гаража од околу 100 квадратни метри, согласно пропишаните стандарди – изјави Димитриевски.

Тој појасни дека првично била избрана локација во близина на реконструираниот задружен дом, но подоцна било утврдено дека станува збор за приватен имот.

Реклама

-Не можеме да ги решиме имотно-правните односи без да се спроведе експропријација, поради што беше неопходно да се бара ново решение- рече Димитриевски.

Куманово доби шест противпожарни возила и претставува значаен чекор во јакнењето на капацитетите на Територијалната противпожарна единица Куманово. Според електронскиот систем за јавни набавки, општина Куманово за  изградбата на гаражите во трите села одвои над 12 милиони денари (12.164.112,60).