Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

Потребни негуватели, медицински сестри во Домот за стари лица Куманово

Потребни се дополнителни  вработувања  во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ Куманово,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потребни се дополнителни  вработувања  во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ Куманово, за да се зајакне институционалната грижа за корисниците,  информираа денеска належните од јавната општинска установа. Директорот на Домот за стари лица во Куманово, Александар Крстевски, вели дека најголем приоритет за установата е обезбедување нови вработувања, пред сè на негуватели, медицински сестри и административен кадар.

-За краток временски период веќе утврдивме каде има сериозни недостатоци. Се надеваме дека во наредните месец-два тие ќе бидат отстранети и корисниците ќе добијат поквалитетни услуги. Сепак, без нов персонал не можеме да обезбедиме квалитетна грижа. Тоа е нашиот главен приоритет – изјави Крстевски.

Тој посочи дека според систематизацијата Домот треба да има 80 вработени, а моментално располага со само 36, од кои седум се ангажирани преку Агенцијата за вработување. Недостиг има и во администрацијата.

Реклама

-Во администрацијата имаме само двајца вработени. Во институција од ваков обем немаме сметководител, правник, лице за човечки ресурси и социјален работник. Но, најмногу ни недостигаат негуватели и медицински сестри, кои во моментов работат со максимален ангажман за Домот да функционира – рече Крстевски. 

Тој објасни дека во ноќните смени за околу 180 корисници често се грижат само една негувателка и една медицинска сестра, иако дел од корисниците се сместени на геријатриското одделение и имаат потреба од постојана помош, вклучително и при хранење и извршување на основните животни потреби. Крстевски им се заблагодари на вработените за нивниот ангажман, оценувајќи дека и покрај недостигот на кадар успеваат да го одржат функционирањето на установата.

Тој информира дека за состојбата веќе е известено надлежното министерство и очекува поддршка за обезбедување нови вработувања. Во рамки на установата функционира и геријатриско одделение, каде дел од корисниците имаат потреба од постојана помош при извршување на секојдневните активности. Со цел делумно да се ублажи недостигот од кадар, Домот потпишал меморандуми за соработка со стручни училишта, преку кои ученици ќе волонтираат во установата и ќе се вклучат во активности за подобрување на грижата за корисниците. Домот за стари лица во Куманово е меѓу поголемите установи од овој тип во државата и згрижува корисници од повеќе градови во земјава.