Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Поради високите температури да се наводнуваат површините, културите да се заштитат од плевели, болести и штетници

Земјоделците да ги наводнуваат површините, особено пролетните окопни и индустриските култури, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Земјоделците да ги наводнуваат површините, особено пролетните окопни и индустриските култури, но да вршат и плитка обработка (окупување) на почвата за да се зачува влагата и да се спречи формирањето кора, препорачуваат агрометеоролозите.

Како што велат, во актуелните, летни временски услови со високи температури, треба да се преземат мерки и за уништување на плевелите, како и за заштита на растенијата од појава и развој на болести и штетници. 

-Ова е период кога потребите за вода кај сите земјоделски култури се големи и перманентни. Затоа, се препорачува наводнување на културите, особено на пролетните окопни и индустриски култури. Земјоделските производители може да продолжат со активностите и грижата за нивните посеви и изведување работи во поле. Поради високите температури наводнувањето да биде задолжително. Треба да се обрне внимание и на подготовката на механизацијата за претстојната жетва на житните култури. Посевите редовно да се следат, истакнуваат агрометеоролозите од УХМР.

Реклама

Минатата недела, потсетуваат, времето беше претежно сончево и топло со мала локална облачност и повремени поројни врнежи од дожд.

-Овие временски услови беа поволни за зреење на некои видови овошје како црешата, вишната и некои типови зеленчук, како и за интензивниот раст и развој на пченката, сончогледот, и другите пролетни култури.  Виновата лоза е во фаза на затворање на гроздови. За време на оваа фенофаза во лозовите насади треба да се врши редовна обработка на почвата за уништување на плевелите и зачувување на влагата. Се врши и редовна заштита против болести и штетници, информираат  агрометеоролозите.